2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бочварски: Ситуацијата е алармантна, итно се потребни промени

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, повторно излегоа со соопштение за јавноста, овој пат акцентот ставајќи го на неисчистените патишта покриени со снег, поради кои настанаа големи метежи во сообраќајот. Според нив проблемите се во неодговорната власт, а не од снегот.

„Избравте промени затоа што сакавте институции што се грижат за вашите потреби. А ова што се случува на студот и снегот покажува тотална негрижа од досегашната власт кон граѓаните, бидејќи ги остави институциите со врзани раце поради криминалните и тендер политики за свои интереси.

Пријавувате неисчистени патишта. Се случија стотици сообраќајни незгоди, верижни судири, има повредени граѓани, големи материјални штети. Загрозена е безбедноста на граѓаните.

Еве зошто е тоа така: Власта во заминување издвојува најмалку средства во регионот за тековно и зимско одржување на патиштата. Само 3.300 евра по километар! Како споредба Србија издвојува триста проценти повеќе – 9.000 евра по километар. Боска и Херцеговина 7.700 евра по километар.

Институциите немаат соодветна механизација за да ги одржуваат патиштата во зимски услови. Снегот се расчистува со 100 проценти застарена механизација! Освен што се стари возилата, јавните претпријатија располагаат со многу мал број возила. Поради тоа ангажираат други приватни фирми, но и тие, според нашите информации што ги имаме, имаат стари и дотраени возила.

Ете затоа на терен ситуацијата е алармантна. Македонија трета недела по ред е во хаос со неисчистени државни патишта и градски улици. Но и уште полошо, со отсечени градови и села. Семејства со денови се оставени без јадење. Бремена жена три километри одеше пеш по снегот до првото родилиште.

Ако институциите беа подготвени навреме ова немаше да се случува.
Институции во служба на граѓаните е една од 5-те главни точки во Планот за живот што го поддржаа граѓаните.

За тој да се реализира потребна е нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.
Наскоро државата ќе работи со полн капацитет за да ги обезбеди потребите на луѓето во Република Македонија. Ова да биде последна ваква зима за граѓаните на Република Македонија“, изјави Благој Бочварски.

поврзани објави

Последни објави