-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Да ја направиме месечината Great Again

Околу 18:55 часот. На 11 декември 1972 година Јуџин Сaрнeн и Харисон Шмит стапнуваат на површината на Месечината. Тие се дел од мисијата Аполо 17, последна во историјата на истоимената програма. Космонаутите прават три “прошетки” во три последователни дена, како собираат примероци од површината на месечината. По последното излегување од нивниот брод, Сарнен споделува:

“Правејќи го последниот човечки чекор на оваа површината пред да се вратиме дома за некое време – но веруваме дека нема да е за премногу долго – сакам да кажам нешто што верувам дека ќе остане во историјата. Денешниот предизвик пред Америка ја отсликува утрешната судбина на човештвото. Сега, кога ја напуштаме Месечината, си одиме онака како што дојдовме, и ако Бог одлучи, ќе се вратиме со мир и надеж за целото човештво “. 45 години, по овие зборови Сарнен останува во историјата како последниот човек, чија нога стапнала на површината на Месечината.

Но, се чини дека 45 години смиреност се доволни. САД планираат да се вратат на Месечината. Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша директива која и наложува на НАСА да ја обнови својата програма за испраќање космонаути на Месечината. Постои можност да се организира и мисија на Марс. Директивата е првиот чекор кон создавањето база на самата Месечина, која потоа ќе биде појдовна точка за вселенско патување на долги дестинации.

 

“Замислете ги можностите што нè очекуваат меѓу овие големи, прекрасни ѕвезди ако се осмелиме да сонуваме. Ова е нешто што нашата земја го прави повторно – имаме големи соништа “, рече Трамп.

 

Во јуни, претседателот го врати во функција Националниот вселенски совет. Како што наведува името,  станува збор за советничка група, од специјалисти во астрофизиката, која постоела од 1958 до 1973 година кај претседателите Ајзенхауер, Кенеди, Џонсон и Никсон. Потоа таа повторно се појавува во периодот од 1989 до 1993 година, под водство на постариот Буш.

Во октомври, Советот одржа состанок под покровителството на потпретседателот Мајк Пенс. Тогаш Пенс ја одбележа улогата на приватните американски компании за освојување на просторот. Според него, “американското вселенско раководство” ќе биде обезбедено финансиски преку посилната соработка меѓу владата на НАСА и овие компании.

Покрај тоа, потпретседателот даде рок од 45 дена на НАСА за да обезбеди долгорочен план за испраќање на луѓе до Месечината и Марс. НАСА го стори тоа во почетокот на декември, потег штѕо со себе го донесе и потпишувањето на директивата од страна на Трамп.

 

Плановите за истражување на длабоката вселена, кои НАСА ги има, се поврзани целосно со новата голема ракета, наречена Space Launch System (SLS) и вселенската капсула наречена Orion. Сепак, нивната работа се одвива од 2004 година. Тогаш планот бил да не се испраќаат космонаути на Месечината, а околу неа.

Сепак, идејата за SLS и првата мисија на Орион (EM-1), сепак, не вклучуваше жива екипа. Космонаути беа предвидени за следната мисија – Истражувачка мисија 2, која требаше да се случи помеѓу 3 и 5 години подоцна. Мисијата сепак не  стапна на Месечината, туку едноставно да стигнат до американските сателити во орбитата и се врати назад на Земјата.

Потоа актуелниот администратор на НАСА Роберт Лајтфуут ги извести вработените на Агенцијата дека треба да се вложат напори EM-1, исто така да има астронаути на бордот. Можеме да претпоставуваме, дека тоа е поради притисокот од страна на администрацијата на Трамп.

Лансирањето на ракетата и бродот постојано се одложуваат поради различни технолошки проблеми. Сега тоа треба да се случи во 2019 година, но ништо не е сигурно. Постои повторно факторот “пари”.

Единствената предност што администрацијата на Трамп во моментов ја има, е тоа што постојат голем број на приватни компании, кои исто така  инвестираат во вселенски истражувања надвор од земјината орбита. НАСА веќе работи со компании како Moon Express и Astrobotic.

Дали приватните инвеститори и НАСА ќе откријат начин за поблиска соработка во името на “американската вселенска доминација” сепак сеуште е тема со многу непознати.

 

Целата „хистерија“ се врти околу фактот дека на Месечината веројатно има големи количини на вода.

Достапноста на таа вода дава многу нови можности. Тоа ќе овозможи подолг живот во вселената, бидејќи ќе биде можно да се одгледува растителна храна и да се создаде кислород преку водата.

Освен тоа водата може да стане основа и за поевтино гориво за ракети, ако инженерите успеат да создадат водород и кислород во вселената, наместо да го “носат” од Земјата, пишува Quartz.

Џорџ Сауерс кој ја води програмата за вселенски ресурси во Колорадскиот рударски факултет ја  споредува водата на месечината со нафтата во Персискиот залив.

Еве уште една причина за Трамп да го сврти вниманието на САД кон Месечината. Кина веќе има своја амбициозна вселенска програма, според која луѓето треба да бидат испратени на сателитот пред 2036 година.

Секако постои и спротивно мислење, а имено дека човештвото треба да се насочи директно кон Марс и да не губи време за да се враќа на Месечината.

Мисиите на Месечината, сепак, можат да помогнат во „достигнувањето“ на Црвената планета наместо да го попречат. Во најмала рака тие ќе овозможат “поблиско” тестирање на нови ракети и вселенски бродови. Постојаното човечко присуство на Месечината може да се сфати и како еден сериозен тренинг за колонизирање на друга планета.

И кога еден ден бидат одвоени доволно средства и човештвото “ја освои” Месечината, веќе можеби ќе може да се осмели да погледне и подалеку.

поврзани објави

Последни објави