fbpx
8.8 C
Skopje

Огнен Јанески: Коце несреќо, ти ли си???

АКТУЕЛНО

Еве што напиша на својот facebook профил познатиот водител и голем хуманитарец Огнен Јанески:

КОЦЕ-ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ-ТРАЈАНОВСКИ, ТРЕБА ДА СИ ЕПТЕН ПОЛИТИЧКИ ДИЛЕТАНТ ДА ИЗЈАВИШ ВАКВА ПОВРАЌАНИЦА и да ја впериш директно кон граѓаните!

ЦИТАТ: „За револтот на граѓаните пак, кои веќе се мобилизираат на социјалните мрежи и најавите за бојкот на наставата од страна на родители, Шилегов одговори во манир на неговиот претходник и ги обвини граѓаните:
– „Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чиишто стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека сега е политички мотивирано со цел да се дискридитира и локалната власт, меѓутоа и централната власт во борбата со загадувањето“, вели Петре Шилегов – Градоначалник на Град Скопје.“ ЗАТВОРЕН ЦИТАТ!

Годиништа зборувам и пишувам дека има разлика меѓу политичкото на граѓаните и политичкото на партиите! ДА ПЕТРЕ – ова нам граѓаните ни е политички мотивирано! Затоа и постојат стриктно политички партии кои се декларираат како зелени, еко и слично, а произлезени токму од ваквите движења и иницијативи! Треба да си политички неписмен и неосвестен (како приложеното од изјавава) за да упатиш ваков прекор и вакво обвинување!

Дополнително, одамна веќе не ме навредува сатанизирањето на активистички план! ДПМНЕ многу добро „не’ навежба“ преку куририте и нивните чаршаф-соопштенија сатанизирајќи не’ како СДСМ-овци, соросоиди, платеници, варвари и слично. Немам никаков проблем што ти сега според истиот модел не’ сатанизираш дека сме ВМРО-овци, платеници и блефери (ова новичко, фино звучи!).
Намали малку со вмровштината, не ја пуштај на најјако како аерозагадувањево, туку земи и почни да го решаваш! Затоа си бидувал изгласан! Фактот дека твојата матична партија е на власт – централна и локална се должи на ВЕТУВАЊАТА ДЕКА СЕРИОЗНО ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ВЕДНАШ, ОДМА И СЕГА ЧЕКОРИ КОН БОРБАТА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО без популистички повраќаници, кои како да ги кроел Протуѓер или Димовски!

Кај нервно не’ осакатувате со глупостиве, па и ќе испоумреме тивко и бавно, болно и тажно, под фалц-антидепресиви, маски, прочистувачи, сами и мртви во душите, меѓу четири ѕида, изградени во урбани гробници!

#НеСеДише #ЌеПоцркаме

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥

: Коце несреќо, ти ли си??? КОЦЕ-ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ-ТРАЈАНОВСКИ, ТРЕБА ДА СИ ЕПТЕН ПОЛИТИЧКИ ДИЛЕТАНТ ДА ИЗЈАВИШ ВАКВА…

Posted by Ognen Janeski on Thursday, December 14, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -