13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Претреси во домовите на Канческа-Милевска и Кирил Божиновски

Полицијата врши претрес во домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска и на екс генералниот секретар во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, јави ТВ24. Божиновски е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ на СЈО. Се товари за злосторничко здружување и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Канческа-Милевска е обвинета во случајот „Тендери“. Поранешната министерката за култура е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

поврзани објави

Последни објави