13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: Борис Џонсон се напи сок произведен од околината на Фукушима за да покаже дека не е опасен

Сок од праски произведен во околината на јапонскиот град Фукушима денеска пиеше британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за да покаже дека не е опасен. Фукушима претрпе тешка нуклеарна катастрофа во 2011 година.

Јапонија тврди дека производите од овој регион се сосем безбедни, а јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно му даде лименка сок на својот колега Џонсон, кој ја испи пред камерите и рече дека е многу добар.

Европската унија и вкупно 50 држави имаат забрана за увоз на храна од областа на Фукушима или од цела Јапонија, по катастрофалниот земјотрес и цунами, кои предизвикаа хаварија во нуклеарната централа.

поврзани објави

Последни објави