fbpx
20.8 C
Skopje

А ми се смееа кога им говорев дека Меси е чудо

АКТУЕЛНО

 

Кој е најдобриот фудбалер против кој сум играл? Ха, навистина сум играл против сите добри играчи, но никој не може да се споредува со Лео Меси, рече тренерот на Олимпија Игор Бишчан потсетувајќи се на своите денови во Лига на шампиони.

Играше во елитното фудбалско натпреварување против Динамо, ја освои Лига на шампиони со Ливерпул во она незаборавно финале од 2005. година, но моментот кој посебно се памети од тие години е од дресот на грчкиот Панатинаикос.

„Игравме против Барселона, додека таму владееше Роналдињо. Но во последните десет минути во игра влезе Лео Меси, а тоа никогаш нема да го заборавам. По натпреварот грчките новинари ме прашуваа за Роналдињо, како е да се игра против него, како изгледа на теренот… А јас реков дека Роналдињо играше со пола сила, но дека во последните десет минути влегол воигра еден мал човек кој бил многу подобар од Роналдињо“, откри играчот и додаде:

„Грчките новинари ми се смееа, ме гледаа чудно и си мислеа: Ма што зборува овој, каков Меси?!“. Но никогаш во кариерата не се сретнав со човек кој ме имаше повеќе воодушевено од самиот Меси како во тие неколку минути. Остар, брз, талентиран… чудо! Таа приказна и денеска сакам да ја раскажувам на моите пријатели“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -