fbpx
8.8 C
Skopje

Ѓорчев: Веќе 6 месеци не се прави ништо освен неосновани апсења, притвори и затвори, а нема ниту една фабрика или проект

АКТУЕЛНО

Во овие 6 месеци во Македонија не се прави ништо освен што се апси, се уапаѓа по домови, што се праќаат луѓе по притвори и по затвори, истакна Влатко Ѓорчев во гостувањето на Алфаскоп.

Тој притоа ги повика граѓаните да се сетат на една работа која што е направена која што е добра за Македонија во оваа пола година откако е дојдена новата влада.

Ѓорчев посочи дека нема ниедна отоворена фабрика, не се зголемени пензиите, не се зголемени платите, не се намалени цените на лековите, по болниците е невидена гужва, здравството имплподира додека со месеци се нема нов министер.

-Ниту една област не се подобрува туку напротив се влошува. Скопје е најзагадениот град на светот, позададен од градови кои имаат 10-15 милиони жители. Нема ниедна област во која што има некаков напредок или некоја улица се средила или автопат кој што се аслфачитра или област од општеството живеење. Сето тоа се компезира со масовни апсења со некоја бруталност која во Македонија ја немаме видено. Но мислам дека ова е премногу жестоко и премногу остро се оди и невозможно е ова да нема траги во општеството, вели Ѓорчев.

Според Ѓорчев оваа состојба е неодржлива и ќе мора да се има некоја ситуација во ова општество каде што ќе се има некој вид на помирување каде едноставно треба да слегнат работите затоа што оваа жестока конфротација, каде што станува политичка опсесија на едната страна со што е можно поголем прогон да наметне на другата страна е апсолутно неодржлива.

Тој се осврна и на прашањето што се наметнува во последно време околу спорот со името.

-Со невидена леснотија се задира во идентитетските прашања се задира во некои раработи кои што се длабоко во секој поединец но и кај нас како македонски народ како Македонија, како македонски јазик така што мислам дека имаме една ситуација каде што оние со кои што Македонија преговара гледаат, констатираат, перцеприраат дека сега има влада која се прифаќа, дека има гарнитура на која се се согласува и дека сега е моментот она што Македонија го чувала, негувала, бранела со децении сега едноставно да биде испреговарано, комлетирано и на некој начин затворено како прашање, рече Ѓорчев.

Ѓорчев исто така го го прокментира досегашното справување со загадениот воздух на новата власт.

Според него Скопје го доби најнеспособниот градоначалник и после неколку месеци може да се види очигледната разлика помеѓу градоначалникот Коце Трајановски кој се карактеризира со работа, посветеност и еден куп проекти и од друга страна е Петре Шилегов кој само држи пресконференции и нема никаква ефикасност во својата работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -