Илјадници луѓе не посетија, од Кина, Сингапур, Мароко… дури и навивачи на најлутите ривали го носат неговиот дрес, раскажува братот на настраданиот Нури.
Пет месеци поминаа откако еден од најголемите таленти од школата на Ајакс, 20 годишниот Абделхак Нури се сруши на теренот за време на натпреварот против Вердер Бремен, итно беше префрлен во болница, каде е утврдено дека ќе му останат трајни последици на мозокот.
И пет месеци после трагичниот настан момчето е во болница, а во големо интервју за Гардијан, еден од неговите шест браќа Аберахим Нури кажа:
-Бесот не помага. Тагувањето не помага. Плачот не помага. Единствено позитивен став е корисен. Молитвата помага. Кога сум покрај неговиот кревет, разговарам со него и му кажувам убави работи и тоа помага.
-Со братот сме 24 часа секој ден. Кога гледам снимки за Нури, тоа трае 10-15 секунди и потоа престанувам затоа што е претешко. Некој овде донесе зголемена фотографија од Нури од натпреварот со Феенорд, дури и тоа беше тешко да се гледа. Болно. Се молиме за него, верата најмногу ни помага.
Постариот брат повеќе сака да се сеќава дека Апи, како што го викаат несреќниот фудбалер, на улица играл со деца два пати постари од него.
Беше толку мал што топката му беше скоро до колената. А играше одлично! Родителите мораа да го молат да дојде дома, а спиеше со копачките.
Нури е со мароканско потекло, а во Ајакс пристигна кога имал седум години.
-Неверојатен играч! Гледајќи ги натпреварите на Ајакс, луѓе зборуваа само за него, затоа беше многу подобар од останатите. Апи беше толку креативен, ги забавуваше луѓето со потезите и навивачите тоа го обожаваат. Играше како да си игра на улица со врсниците. Му кажав дека може да биде новиот Иниеста, изјави поранешниот холандски репрезентативец Вим Јонк, тренер на тимот до 19 години на Ајакс
Играше сјајно за вториот тим на Ајакс, публиката беше воодушевена, правеше неверојатни работи, а кога би го прашал како тоа го успеа, тој само срамежливо ќе одговореше: „Можам јас и подобро“. Секогаш говоревме дека има ДНК на Барселона, а Ноу Камп го обожаваа. Кога татко ми одеше на натпреварите на Барселона, луѓето говореа ене го таткото на Нури, продолжи братот на несреќниот фудбалер.
Низ целиот Амстердам може да се видат пораки со поддршка и охрабрување за Нури, играчите на Ајакс често му одат во посета, во клупскиот фан шоп на Ајакс во Амстердам поставен е транспарент за поддршка на момчето.
А посебно емотивна е фотографијата каде таткото на Нури стои излезен од прозор на кров на автомобил, молејќи се и плачејќи држејќи ја раката на срце, а илјадници луѓе му искажуваат поддршка.
Илјадници и илјадници луѓе не посетија. Од Кина, Сингапур, Мароко, целиот свет. Со авион доаѓаат на кратко па си заминуваат. Тоа е она што нашата религија не учи: Кога Бог сака некоја личност, ќе видите по луѓето на земјата. Не говорам само за муслиманите туку и за сите луѓе и сите вери. Феенорд го мрази Ајакс, но и нивните навивачи ни доаѓаа и носеа дресови со името на Нури. Тоа ме прави среќен, тоа само Бог може да го подари, вели Абдерахим и додава:
-Апи беше и многу добар човек, младите Мароканци сакаше да ги тргне од улиците, па им купуваше храна и намирници, плаќаше операции на луѓе кои немаат пари за тоа… Се враќаше дома после натпревар кога ќе дадеше гол и децата викаа, а тој им говори: „Пссст. Бидете тивки поради соседите.“ Е тоа е мојот брат Апи, секогаш мисли на другите.
Абдерахим сцената кога Нури неподвижно лежеше за време на мечот Ајакс- Вердер Бремен ја гледал на телевизија.
-На почетокот мислев дека станува збор за вртоглавица, а потоа ситуацијата стана полоша и видов лекари, хеликоптер, Нури лежеше неподвижен. Срцето ми чукаше. Земјата под моите нозе исчезна, веќе не знаев што да правам.
Семејството брзо отпатува за Инсбрук, а потоа ги повика Барбара Фрајзенекер од болницата и вестите не беа ниту малку добри.
-Татко ми седеше покрај мене, мајка ми од другата страна, брат ми и чичко ми стоеја. Потоа на татко ми му кажаа дека неговиот син има премногу повреди на мозокот и дека нема да може да оди, збори, дека нема никого да препознае… Татко ми скоро и да онесвести, мајка ми не веруваше, плачеше и полуде, а брат ми Мохамед лежеше на подот раскажува Абдерахим и заклучува:
-Никогаш не размислуваме „зошто тој, така е млад?“. Единствено многу ни недостасува и тоа најтешкиот дел…
Инаку, Нури се сруши на теренот на пријателскиот натпревар меѓу Ајакс и Вердер во јули оваа година. После неговиот пад клубовите одлучија да не го продолжат натпреварот, а младиот Нури со хеликоптер беше однесен во болница.