7.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

Грчките владици со соопштение, во кое државата ја нарекуваат Македонија

Грчките владици во соопштението кое се однесува на последните случувања меѓу МПЦ и БПЦ, државата ја нарекува Македонија.

Иако во текстот на соопштението името Македонија е ставено во наводници, тоа е нешто сосема поинаку од досегашната пракса на Грчката православна црква, Македонија да ја ословува како „ФИРОМ“.

Фото

 

Постојаниот Свет Синод на Црквата на Грција, на своето заседание на 14 декември о.г., по повод Соопштението на Светиот Синод на Бугарската Црква, ја разгледа нејзината одлука да го прифати писмото од расколничката Црква во „Македонија“ од 19 ноември 2017 и да ја земе улогата на нејзина „мајка Црква“, пишува во соопштението на ГПЦ

поврзани објави

Последни објави