10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Се бара испитување на 20 милиони евра вреден имот на вицепремиерот Османи

Новинарот Зоран Божиновски бара испитување на имотот на вицепремиерот Бујар Османи кој според тврдењето објавено на социјалните мрежи е вреден 20 милиони евра, пренесува порталот Експрес.

“Aктуелен вицепремиер во актуелнат Влада Бујар Османи од сиромашно момче од Чаир, син на контролор на градски автобус стигна до еден од најбогатите политичари во Македонија со имот вреден повеќе од 20 милиони евра (убедливо најкорумпиран после Груевски и Мијалков).

Ајде испитување на потекло на имот! Ајде 3 ајде 6 ајде 9…”, пишува Божиновски кој беше еден од најжестоките критичари на предходната влада а во ист стил продолжува и сега.

Божиновски долго време беше во екстрадициски притвор во Србија затоа што во Македонија беше суден во случајот “Шпион”.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -