fbpx
19.8 C
Skopje

Нов секс-скандал го потресе Американскиот конгрес

АКТУЕЛНО

Уште еден американски конгресмен демократ – Боби Скот од Вирџинија, е обвинет за сексуално малтретирање. Поранешната службеничка на Конгресот – Рис Еверсон, рече на прес-конференција дека Скот злоупотребил со неа во 2013 година и ја отпуштил од работа откако таа го одбила.

“Јас целосно отфрлам ваквите обвинувања за несоодветно однесување, никогаш не сум вршел сексуално малтретирање кон кого и да било”, рече Скот. Голем број членови на Конгресот пред тоа беа обвинети за сексуално малтретирање. Оставка си поднесоа веќе конгресмените Џон Конерс и Трент Френкс, а конгресмените Блејк Фарентолд и Рубен Кихуен изјавија дека нема да се кандидираат за нов мандат во 2018 година. Сенаторот Ал Франкен од Минесота исто така го напушти Конгресот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -