6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Малчески: Место борба за идеали, дел од реформаторите се борат за фотелји!

Иницијатива за реформи на ВМРО ДПМНЕ.
Почна како искрена намера за реформи на партијата, егзистираше извесен период како место за дебата каде сечие мислење ќе беше слушнато – за општо добро, за добро на ВМРО ДПМНЕ, за добро на Македонија.

Многу искрени луѓе ја поддржаа иницијативата зашто имаше добра насока и искрен концепт. Но што се случи потоа ретко кој може со сигурност да каже. Почнаа да се маргинализираат луѓето кои имаа сопствен став, луѓето кои аргументирано им се спротиставуваа на самопрогласените “лидери”, да се бришат нивни постови на фб групите, да не се повикуваат на состаноци, па дури имаше и обиди да се оцрнат тие луѓе!

За денес она што јавно се прокламираше дека ќе биде општ обединувачки Конгрес неколмина го приватизираа во паралелен Конгрес. Место борба за идеали, гледаме борба за фотелји!

Денес иницијативата изврши погреб.
Многумина од поддржувачите револтирано реагираат.
Ако некој мисли да прави паралелни Конгреси и да се пребројува за да прави нова партија нека им е со среќа. Иницијатива за реформи на ВМРО ДПМНЕ – THE END.

Борбата продолжува, ВМРО ДПМНЕ мора да се мореднизира и да се демократизира.
Нов Статут, нова доктрина, нова програма!
Нови луѓе, за нови победи!

Во овој момент најмногу и требаме на Македонија, силни и обединети!

ФБ статус на Д-р Самоил Малчески

поврзани објави

Последни објави