4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дедо Мраз дај ми некој денар

Кога бев дете, си ги разменувавме подароците за Нова Година. Сите над 30 знаат зошто. Божиќ беше повеќе јадење  на посна храна и кадење на станот со темјан. И Дедо Мраз  не ги купуваше подароците од Хиполeнд, Метро или од онлајн продавници, туку од продавници за деца и ГТЦ.

Нашите родители ни подаруваа  игрици од типот не лути се човече и дама, книги и евентуално чоколадни јајца, а меѓусебно си подарува џемпери, чорапи, тенџериња под притисок, електронски часовници за на ѕид итн.

На позадината на денешните реклами, кои го прикажуваат Добриот старец како раздава таблети и мебел од ИКЕА, подароците од пред 15-20 години изгледаат наивни и дури смешни, но барем содржеа елемент на изненадување и можеа да се јадат, скршат или запалат. (Ова последното го велам, бидејќи се сеќавам како за една Нова Година ми подарија комплет “Млад хемичар”. Многу наскоро работите во оваа научна сфера излегоа надвор од контрола и се разбира, требаше под итно да се префрли кон опшествените науки.)

Под вештачките дрвја и еко-дрвјата во саксии денес дедо Мраз ретко остава кутии кои кријат чуда и изненадувања.

Всушност, се помалку луѓе сакаат олд скул подароци за Божиќ. Во Данска, Pricerunner спроведе социолошко истражување пред Божиќните празници. Според резултатите, процентот на Данците кои очекуваат да најдат пари под дрвото … се највисоки. На второ место се ваучерите за купување и паметните телефони.

Според ПР-от на Pricerunner Сорен Кнудсен Данците сакаат сами да си ги избираат подароците и затоа ваучерите и парите ја предводат листата.

Сепак, ова “не е само дански феномен. Откако во глобален план Божиќ престана да биде прослава на надеж за нов почеток и стана прослава на комерсиализмот и повод за прејадување, разменувањето на подароците се претвори во симболичка функција.

На биолошкиот вид, познат како “корисник на материјални добра”, веќе му е доста да се преправа дека му се допаднал џемперот од тетка Софија, корисникот сака да држи празникот цврсто во своите раце.

Тој не сака да биде изненаден ниту пак да остане разочаран. Затоа, не само што очекува да добие пари како подарок, туку и тој сака да дава пари.

Овој нов тренд во однесувањето на потрошувачите, Клаус Расборг од Универзитетот Роскилде, го коментира, на следниот начин:

“Ако јас ти подарам ваучер во вредност од 500 круни и ти ми подариш ваучер за истата сума, каква воопшто е поентата во размената на подароци …”

Пишува: Маја Вуковска
Извор: webcafe.bg

поврзани објави

Последни објави