6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нема да се оданочуваат парите добиени преку брз трансфер

Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција. Поточно, со овие измени, се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од нивното потекло, како и зајакнување на борбата против даночното затајување. Притоа, предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките. Поточно, и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, додека дел од останатите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како на пример приливи по основ на извршена услуга, велат од министерството за финансии.

поврзани објави

Последни објави