35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Б. Ѓорѓиев за идниот министер за здравство: И покрај тоа што лежев 72 дена во болница, поради неговиот извештај сум по судски лавиринти веќе 4 години!

Благојчо Ѓорѓиев од Кочани кој поради сообраќајна несреќа останал во инвалидска количка испрати текст до „Поглед.мк“ во кој што пренесува свое лично искуство со идниот министер за здравство Венко Филипче, а во кое го обвинува дека е класичен материјалист, поради кој тој лично е 4 години во судските лавиринти. 

 

Текстот испратен до нашата редакција Ви го пренесуваме во целост: 

Бидејќи гледам дека се алудира да биде Министер за здравство ВЕНКО ФИЛИПЧЕ еве едно мое лично искуство стекнато лично од него каков човек е. Венко е ПАРОЉУБЕЦ и класичен МАТЕРИЈАЛИСТ а не е доктор.

Од осигурителните компании што водам судски спор со нив бидејки останав инвалид во сообракајна несреќа ме пратија кај Венко на вештачење и замислете, докторчето напиша во неговиот извештај дека не е сигурен дали инвалидноста ми е здобиена од сообракајната незгода а јас после сообраќајката лежев 72 дена во болница и во прилог му е доставена еден ТОН документација пропратена со КОНЗИЛИЈАРНИ МИСЛЕЊА од доктори СПЕЦИЈАЛИСТИ кои ТВРДАТ дека инвалидитет ми е како последица на СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Еве едно од “ХУМАНИТЕ” дела на Венко Филипче, сега сум во ДИЛЕМА дали Венко е неписмен или лапнал пари за да го напише тој извештај?! Инаку, поради неговиот извештај СУДОТ НАЛОЖИ да морам да одам НА ВЕШТАЧЕЊЕ во институт на СУДСКА МЕДИЦИНА каде што се ДОКАЖА ДЕКА ИНВАЛИДИТЕТОТ МИ Е ОД СООБРАЌАЈКАТА!!!

Благодарение на извештајот на Венко Филипче јас сум во судски лавиринти веќе 4 години!

Г. Ѓорѓиев и е познат на јавноста по неговото учество на протестите на „Шарената револуција“ заедно со екс претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов, како и човек кој беше кандидиран за пратеник од редовите на коалицијата “ВМРО за Македонија“ составена од ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство. 

поврзани објави

Последни објави