1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

A1on Сторија: ВИДЕО: Близнаците Тео и Тони напуштени од родителите живеат без основни услови за живот

Седумгодишните близнаци Тео и Тони заедно со своите баба и дедо живеат во руинирана куќа во Долно Лисиче без основни услови за живот. Тео и Тони се напуштени од родителите кои по разводот си заминале од дома оставајќи ги нив во рацете на беспомошните Веле и Станка кои се невработени.

Ова четиричлено семејство финансиски прилив има само доколку некој од соседите ги повика бабата и дедото на Тео и Тони да работат за дневница на нива или некоја друга земјоделска работа.

Семејството Зафировски живее во двособна куќа чии ѕидови се полни со влага, кровот прокиснува, а немаат ниту тоалет и санитарни чворови. Од импровизираните врати и прозори во куќата константно влегува студен ветер и дожд кои дополнително ја усложуваат и онака компликуваната состојба во која се наоѓаат.

Ова социјално загрозено семејство има потреба буквално од се. Немаат пари ниту за храна, брашно и основни хигиенски производи. Тео и Тони секој ден во училиште одат со искинати чевли и распарталени панталони поради што стануваат мета за потсмев на останатите ученици.

Педесет и шестгодишниот Веле е инвалид. Со десното око воопшто не гледа и е неспсобен за работа, а притоа семејството не прима никаква социјална помош. Тие пред неколку месеци се обратиле и до надлежните институции, но се уште не добиле никаков одговор. Единствена надеж за нив останува хуманоста на граѓаните од кои искрено се надеваат дека ќе добијат било каква помош.

– Сум бил секаде никој не ми дал помош, шпоретот ми тече од сите страни, прозорците ми се испокршени, немам пари храна да купам,а децата во школо не се хранат, ако има од дома ќе јадат, ако не нема, вели Веле Зафировски.

Повеќе за ова на А1он.мк

 

поврзани објави

Последни објави