18.8 C
Skopje
Saturday, May 10, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лажно ги презентира инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ како свои

„СДС лажно ги презентира инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ како свои.

Владата во недостаток на реален успех и напредок на економски план денеска медиумски се обиди да ја престави германската инвестиција Кеслер, инвестиција донесена од владата на ВМРО-ДПМНЕ како своја.

Компанијата Кеслер е најавена и договорена уште на почетокот на минатата година и истата е договорено првин да биде сместена во веќе постоечки објект во Скопје, за подоцна да биде сместена во погони во западниот дел од државата.

Поради економскиот неуспех и незнаење на владата Република Македонија го допре економското дно, немањето на јасна стратегија ја воведе државата во рецесија.

Колку е катастрофална економската политика на владата се гледа од самиот факт што после 7 месеци власт немаат донесено ниту една сопствена инвестиција, немаат промовирано ниту еден проект или мерка.

Наместо работа на нови проекти и економски мерки владата врши политички прогон врз неистомисленици, криминалот царува, а рекетот на големо е вратен.

Економскиот биланс на државата е катастрофален. Затоа и е присутна потребата од лажна промоција“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

     

Последни објави