За бизарниот експеримент со куче и течноста во која може да се дише на кој во Москва присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ известија речиси сите руски медиуми.
Во речиси сите извештаи нагласено е дека оваа технологија за прв пат во јавноста е претставена токму пред српската делегација.
Еден од поинтересните извештаи објави Рен ТВ со видео презентација и краток текст дека српскиот претстедател цело време додека траела презентацијата имал запрепастена гримаса на лицето.
Вучиќ не знаеше дали да го спасува кучето или да избега. Како и да е, беше изненаден што токму тој беше избран за првото јавно прикажување на оваа технологија, наведува Рен ТВ.
Руските научници пред Вучиќ потопија куче во резервоар исполнет со течност која не содржи азот, од која излезе живо после некое време.
Српскиот претседател изјави дека е импресиониран од тоа што го видел во рускиот институт за перспективна технологија во Москва.
-Кучето кое го потопија руските научници не само што преживеа туку и беше добро расположено, што ме изненади. Ми беше жал за кучето, мислев ќе се удави, изјави Вучиќ.