3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Тасев: Поставувањето на нов лидер на ДПМНЕ е маска – помирувањето и обединувањето може да го направи само Љубчо!

Членот на ИК на ВМРО НП Никола Тасев во изјава за „Поглед.мк“ вели дека вечерашната одлука на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на само една кандидатура за претседател е уште една во низата грешки која води кон разнебитување на партијата.

 

Изјавата на Тасев ви ја пренесуваме во целост: 
Оваа состојба ја предвидев уште пред 20 дена дека Никола Груевски ќе направи уште една во низата грешки кои водат кон разнебитување на партијата и токму затоа јавно предложив во партијата да се направи еден период на помирување и дека треба да се постави едно привремено решение кои ќе ги обедини сите струи и да ја подготви партијата за демократски конгрес. Единствен човек кој тоа може да го направи е Љубчо Георгиевски.

Поставувањето на нов лидер е само маска, преку која што Груевски и неговото потесно опкружување ќе продолжат да ја користат партијата за свои приватни цели. Исто така, најавив дека очекувам во следниот период делови од ВМРО-ДПМНЕ да се отцепуваат и да формираат сопствени партии или здруженија а некои ќе се припојуваат кон постојните десни партии. Ние во ВМРО Народна партија ја следиме ситуацијата, не сакаме да се мешаме бидејќи тоа е посебен политички субјект, но искрено ми е жал заради ова што се случува таму затоа што секој од нас во 90-тите вградил многу токму во ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме отворени да ги примиме назад сите заинтересирани, но не по секоја цена, затоа што има луѓе функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои во минатото отворено работеа за растурање на ВМРО НП.

поврзани објави

Последни објави