Започна Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој се бира наследник на Никола Груевски, а единствен кандидат е Христијан Мицкоски. Делегатите го чекаа доаѓањето на лидерот во заминување Никола Груевски, а неговото доаѓање го го поздравија со аплауз и скандирање.
„Треба да имаме мирен и транспарентен конгрес, треба да се донесат мудри и рационални одлуки“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, додавајќи дека важно е да се насочат кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа е рушење од власт на СДСМ.
Комисијата на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека пристигнале 411 делегати од вкуспно 544. Инаку, на Конгресот единствен кандидат е Мицковски, а Димовски и Милошевски најавија на Фејсбук дека не доаѓаат.