Јас не сум чула да има влада која ќе функционира со преведувачи. Ќе дојде до парализа на постапките и остапува од она што е во Рамковниот договор, рече професорката Гордана Силјановска во нејзиното гостување во емисијата Отворено Студио.
– Таму е јасно напишано дека во кривичните и граѓанските постапки било која обвинета особа или било која друга странка има право на превод на државен трошок на сите документи во согласот на сите релеванти акти на Советот на Европа. Овде тоа не го пишува. Овде пишува дека има двојазичност и тоа сигурно ќе доведе до голема конфузија во спроведувањето. Кога си спомнав органите, точно во рамковниот договор пишува дека пратениците МОЖАТ да се обраќаат на пленарните седници и на јазикот што го збруваат 20 %. Некој сега им наметува дека МОРА, вели Силјановска.
Според Силјановска истиот пример е и за судовите. Таа посочува дека дури и ако еден член во постапката е припадник на албанската заедница се мора да биде двојазично. Тоа според неа е наметување.
-Во законот има суми кои се навистина да се размислување. 106 милиони денари за 2018-та година. 16 милиони денари за 18 и за 20-ти член од законот за јазици, 90 милиони за различни буџетски корисници. Тоа е нешто што мислам дека ќе доведе до нефункционална или парализирана држава, посочи Силјановска.
Таа потенцира дека ваквиот закон излегува не само од рамките на рамковниот договор туку излегува и од амандманот 5. Но, во новиот закон јасно се посочува дека покрај државните органи двојазични ќе станат фирмите, претпријатијата, правните лица, агенциите, дирекциите итн. кои се на територијата на целата држава.
Според неа ова ќе ја блокира и економијата на Република Македонија.
-Оваа земја има приоритети, и тие се забележани во рамките на пржинскиот договор, во рамките на стратегијата и тие навистина се насушни за реформите во Република Македонија, вели професорката на правниот факултет.
Таа вели дека овој закон не влегува во тие приоритети, но претпоставува законот е дел на меѓупартискиот договор.
-Овој закон не е приоритет за нашата евроинтеграција. Ние имаме досега 8 извешти на европската комисија и 17 извештаи за НАТО. Никаде во извештаите не пишува дека треба да донесеме закон за јазици. Тоа што во стратегијата 2019-2020 на оваа влада е посочен овој закон воопшто не значи дека заслужува да има европско знаме, вели Силјановска.
Таа откри дека на минатата седница на Венецијанската комисија која се одржала во декември, на дневен ред се нашле пакет закони од Македонија што се однесуваат на реформи во судството додека законот за јазици не се нашол на дневен ред.
– Бев 8 години во венецијанската комисија и бев потпресседател на една од 7-те поткомисии на поткомисијата за малцинство и ја знам процедурата. Венецијанската комисија не е собир на трговци туку е комисија за демократија преку правото. Значи прво таа не квазиуставен суд и логиката на венецијанската комисија е во фазата на подготовката на законите кога е предлог закон да се добие мислење од неа. Која е логиката да вие изгласате еден закон а посфестум венецијанската комисја да даде мислење. Јас имам голема дилема не само кога ќе биде на дневен ред барањето на Македонија и дали воопшто стигнало дотаму, рече Силјановска.
Таа исто така посочи дека кога се носел законот за јазици во 2008-та година тогашниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски ставил вето на тој закон со образложение дека има проблем со Уставот.
Оттука Силјановска кажа дека ако тогаш се имало проблем со уставната рамка може да се замисли што се случува тогаш со овој текст на законот и затоа таа заедно со другите професорки во нивното отворено писмо го повикале претседателот на државата да стави вето на овој закон.