Експертот за Балканот Даниел Сервер смета дека доколку Србија стигне до завршната фаза во преговорите со ЕУ без нормализирање на односите со Косово, нема да добие ништо за возврат, односно нема да влезе во ЕУ. Ова следува по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека сака Русија да учествува во преговорите со Косово, доколку се вклучат и САД.
Според Сервер нормализацијата подразбира два клучни чекора – прием на Косово во ОН, како и размена на дипломати на амбасадорско ниво.
– Кога Србија треба да ги нормализира односите со Косово? Пристапот на Белград е тоа да го одложи до пред влезот во ЕУ. Ова е сериозна грешка, вели Сервер.
Според него Москва не може да помогне во разговорите меѓу Приштина и Белград.
-На крајот на краиштата, Русија ја призна независноста на отцепените покраини Грузија и Молдавија, а го анектираше Крим и им дава поддршка на сепаратистите во Украина. Останува отворено прашањето дали е мудро Србија да се потпре на Русија да го потврди суверенитетот на Белград над Косово?, прашува Сервер.
Тој смета дека сите алатки се во рацете на ЕУ.
-Прашајте ги само Словенија и Хрватска, кои мораа да направат отстапки за важни прашања во последната фаза од нивните преговори за пристапување, додаде Сервер.
-Да бидеме јасни: Србија е слободна да ги избере своите сојузници или независност, како и секоја друга суверена држава Но, навистина не може да седи на две столчиња. Усогласувањето на својата надворешна политика со ЕУ е дел од квалификациите за влез. Додека Брисел може да биде амбивалентен за тоа во блиска иднина, гласови за влез едноставно нема да биде тука кога ќе дојде време, ако Србија не ги исполнува сите критериуми за членство, изјави тој.
Според него, тоа значи дека би било попаметно Србија да се одлучи за столчето ЕУ што порано.
– Што може да добие? Не знам, но никој нема да знае пред да се обиде, вели Сервер.
Тој вели дека ова не се однесува само на усогласување на својата политика кон Русија со санкциите на Европската унија, како и другите одлуки на Унијата кон Русија, туку и прифаќање на „суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово и нормализација на односите меѓу двете држави”.
-Дваесет и три од 28-те членки на ЕУ го признаа Косово. Се сомневам дека било кој од овие 23 е подготвен да ја прифати Србија како земја-членка на ЕУ, ако не ги нормализира односите со својата поранешна покраина, вели Сервер.