0.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Американски командант им рекол на војниците: „Се надевам дека грешам, ама иде војна“

Роберт Нелер вели дека маринците треба да се подготват за „голема борба“.

Командантот на Маринскиот корпус на САД им рекол на околу тристата маринци стационирани во Норвешка дека треба да се подготват за „голема борба“.

Генералот Роберт Нелер ѝ рекол на поморската ротациона единица во базата во Норвешка близу Тронхенхајм: „Се надевам дека грешам, ама иде војна. Вие сте тука во борба, информативна борба, политичка борба, со своето присуство“, вели тој во коментарите објавени од сајтот Милитари.

Генералот подоцна изјави дека очекува Пацификот и Русија да бидат во фокусот на идните конфликти надвор од Блискиот Исток.

„Само сетете се зошто сте тука“, им рекол и мајорот Роналд Грин на маринците, според сајтот за воени вести.

„Тие гледаат. Исто како што вие ги гледате, и тие ве гледаат. Тука имаме 300 маринци, преку ноќ може да станеме 3.000. Може да ја подигнеме границата.“

Сајтот вели дека кога неговата екипа ја посетила единицата во мај, откриле дека на нејзините војници им биле дадени инструкции да не го споменуваат зборот „Русија“ во интервјуата во медиумите.

Ротационата единица беше распоредена во Норвешка во јануари, каде што помагаа во операциите на НАТО и се обучуваа за студено време и планински услови.

Во октомври норвешките опозициски лидери побараа од премиерката Ерна Солберг да објасни што точно прават американските војници во земјата.

Руските претставници, од своја страна, отворено се спротивставуваат на присуството на маринците во Норвешка и предупредуваат на дипломатски реперкусии.

Иако Грин не ја именуваше Русија, тој се осврна на нејзиното незадоволство поради присуството на маринците во близина.

„Не им се допаѓа фактот дека им се спротивставуваме, а нам ни се допаѓа фактот дека ним не им се допаѓа фактот дека им се спротивставуваме“, рече Грин. „Нас нè има триста, опколени од нив, тие ни се баш таму каде што ги сакавме, нели? Сме го правеле ова и досега“.

Тензиите во регионот се зголемуваат откако Русија го анектираше Крим во март 2014 година.

поврзани објави

Последни објави