4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Брат Љубе нема потреба да се „плаши“ од прашањата на „Поглед.мк“

Нашиот портал „Поглед“ веќе повеќе од осум месеци е во контакт со прес-службата на Обединети за Македонија со молба да добие контакт со господинот Љубе Бошковски за да направиме интервју.

Од прес-службата не информираат дека господинот Бошковски е зафатен, е надвор од државата или пак сега не е моментот за интервју.

Прашуваме јавно каква е причината за ваквиот игноратски однос кон нашиот медиум? Му порачуваме на г. Бошковски дека нема потреба да се „плаши“ од нашите прашања а исто така сакаме да го потсетиме дека и покрај тоа што не сме моќен медиум, сме еден од првите избори на десничарите во Македонија кога станува збор за медиумско информирање.

поврзани објави

Последни објави