Бившиот менаџер на Манчестер Јунајтед Луис Ван Гал смета дека еден од играчите на овој тим ќе заврши во Барселона.
Холандскиот бек Дејли Блинд добива се помалку простор за игра кај Жозе Мурињо, па досега впиша само четири настапи во англиската Премиер лига.
Спрема Ван Гал, Блинд мора да замине од Јунајтед и се верува дека Барселона би била неговата најдобра опција.
“Тој во Барселона би играч почесто. Дури би бил во стартниот тим. Тој би се вклопил во тимот на Барселона и нивната филозофија, а освен тоа е подготвен да игра на неколку позиции, рече Ван Гал, па додаде:
“Неговото ниво на игра е компактибилно за она во Барселона, би му било полесно во Ла Лига него во Премиер Лига. Најдобро би било да направи обид да заврши како играч на Барселона“.
Блинд има 52 настапи за холандската репрезентација, а во Јунајтед стигна од Ајакс во 2014 година.