-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Истражување: Новогодишните забави со колегите од работа често завршуваат со секс

Според најновото истражување на шведската компанија за секс-играчки, ЛЕЛО на предновогодишните забави со колегите од работа, неретко се завршува в кревет со некој од нив.

Истражувањето покажало дека 40 отсто од луѓето имале секс со колега или колешка, а 83 отсто од нив би го повториле тоа.

– Иако анкетата ни пружа факти, па дури и хумор, зборувајќи за забавите на фирмоте, загрижувачки е фактот што луѓето не користат заштита при сексот. Употребата на кондом е најважната работа во борбата против половите заболувања и несакана бременост, нагласува Стив Томсон, извршниот директор на компанијата.

„Најпалави“ се покажале вработените во продажба, а по нив се здравствените и транспортните работници и службениците во логистика. Над половина, односно 52 отсто од оние кои го прифатиле предизвикот, ја објаснуваат својата авантура како резултат од неодоливата привлечност кон колегата, додека пак, 31 отсто од нив „немаат објаснување“ за тоа.

Дури 97 отсто од луѓето кои имале секс со колега или колешка велат дека единствена негативна последица е срамот во канцеларијата утредента, но и тоа е минливо.

Само пет отсто признаваат дека играта започнала токму на забавата, што значи дека голем број „излети“ всушност биле планирани. Само 18 отсто од испитаниците откриле дека тоа го сториле со надредена личност.

поврзани објави

Последни објави