На 26.12.2004 следејќи ги идеите на изворното ВМРО, надвор од “жолтата куќа“ водени од револуционерната мисла на нашиот лидер, г-динот Љубчо Георгиевски, како младинска организација се формиравме во рамките на ВМРО-Народна партија.
Ниту трнливиот пат, ниту пак премрежјата не не поколебаа туку напротив не направија посилни, помудри и истрајни во идејата за формирање на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Уште тогаш си ветивме едни на други дека никогаш нема да ја предадеме идејата и организацијата, а тоа го докажуваме веќе тринаесет години.
Нека Ни е честита и вековита Унијата на Млади Сили.