Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му рекол на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, дека агресивната реторика на САД ги зголемила тензиите на Корејскиот Полуостров.
Тој истакнал дека таквиот начин на комуникација и акција е неприфатлив, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Ваквиот став Лавров му го пренел на Тилерсон во телефонски разговор, во кој станало збор и за следните чекори за решавање на кризата во Сирија и во Украина.
Кремљ претходно соопшти дека Русија е подготвена да посредува меѓу Северна Кореја и САД во разговорите чија цел би билa намалување на тензиите доколку двете страни покажат волја Москва да ја преземе оваа улога.