13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СОС Детско село со нова кампања- „Место со срце“

На 22 локации во Скопје од денеска до 29 декември граѓаните ќе можат да донираат средства за децата без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. Акцијата е во организација на  СОС Детско село, а во рамки на  кампањата „Место со срце“. Оваа тридневна активност, како што појаснуваат организаторите, има за цел да се подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. СОС Детско село ги поканува сите кои сакаат да им дадат радост на децата без родители да ги посетат Фурна, Соул Китчен, Пастрмајлија Грил Хаус, Интермецо, Воденица Мулино, Дукат, Бруклин, Чептер, Тренд, Плеј Кафе, Имагинариум, Мартини, Мр. Џек, Чардак, Бела Виста, Каса Кубана, Дион, Палма и Сити Хол Центар.

поврзани објави

Последни објави