23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Груевски денеска за последен пат годинава, ќе отиде во суд

Новото рочиште за предметот „Насилство во Центар“ што го води СЈО  треба да се одржи денеска во Кривичниот суд. Во овој предмет обвинети се 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа двајца од обвинетите. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

поврзани објави

Последни објави