fbpx
1.8 C
Skopje

Над 100 верници ќе се обидат да го фатат Светиот крст во Скопје

АКТУЕЛНО

Утре е Богојавление или Водици, денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со одбележување на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Tрадиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Како и во минатите години така и оваа, најмасовно се очекува да биде во Скопје и  Охрид . Според информациите во главниот град се пријавени над 100 учесници, кои ќе влезат во водите на реката Вардар, да се обидат да го фатат светиот крст.

Поглаварот на МПЦ г.г Стефан во 9 часот ќе изврши литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а централната манифестација ќе се одржи на пладне, кога архиепископот охридски и македонски г.г Стефан ќе го фрли Светиот крст во водите на реката Вардар од мостот Слобода.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -