21.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

АВТОБУС НА ЈСП прегази жена во близина на Бит – пазар

Автобус на ЈСП денеска по 12 часот прегази жена во близина на Бит-пазар. Според информациите на МВР, увидот е сè уште во тек, а, пак, идентитетот и годините на жената – непознати. Од МВР велат дека поради силата на ударот, жената починала на лице место.

„Увидот трае. Првичните информации се дека жената починала на  местото на настанот. МВР работи на расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Очевидци велат дека станува збор за постара жена која не поминувала на обележан пешачки премин. Детали се најавуваат за во текот на денот.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави