9.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Судот им ги продолжи притворите на Чавков, Дурловски, Бетмен и Јовановски

Кривичниот суд соопшти дека за уште 30 дена им е продолжен притворот на 23 лица осомничени за тероризам за настаните во Собранието од 27-ми април. Тие ќе останат во истражниот затвор во Шутка.  Меѓу тие што ќе останат во притвор се Митко Чавков, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски. Основниот суд Скопје 1 Скопје одлучи да го куќниот притвор на четворица осомничени. За двајца, пак, судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор.

 

поврзани објави

Последни објави