4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нејмар раскажува: Мислев дека никогаш повеќе нема да застанам на нозе

После повредата од 2014. година

Бразилскиот фудбалер Нејмар се присети на повредата која му се случи пред нешто повеќе од три години кога тој имаше страв дека никогаш повеќе нема да може да оди.

Нејмар на Светското првенство 2014. година кое се играше во Бразил беше прва ѕвезда на својата репрезентација, но сите стравуваа за неговата кариера после натпреварот со Колумбија. Тогаш Хуан Камило Цунига го удари Нејмар во грбот по што Бразилецот излезе од игра.

Стартот на Хуан не изгледаше толку страшен, но ударот би можел да биде кобен за Нејмар. Бразилецот беше некое време надвор од терените поради болки во грбот, а подоцна откри дека мислел дека никогаш повеќе нема да застане на нозе што на сета среќа не се случило.

“Не можев да ги помрднам моите нозе. Докторот ме извлече од соблекувалната и тогаш почнав да плачам. Тоа беше неверојатна болка, а моите нозе воопшто не ги ни чувствував. Отидовме во болница и во еден момент помислив дека никогаш повеќе нема да застанам на своите нозе. Но, благодарејќи му на Бога се добро заврши. Тој ден ќе го памтам дури сум жив“, рече Нејмар.

поврзани објави

Последни објави