Oпштинските организации на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Пехчево и Делчево добија нови претседатели.
Имено, функцијата претседател на ОО на СДСМ во Пехчево ја извршуваше сегашниот градоначалник на Пехчево Драган Тренчовски, а негов наследник ќе биде Николчо Јовчев.
Тој е член на СДСМ од 2001 година. Во 2006 година станува член на извршниот одбор на СДММ, во 2008 претседател на социјалдемократската младина во Пехчево, а од 2009 до денес ја извршуваше функцијата Генерален секретар на партијата.
Делчевските социјалдемократи пак добија вистинско освежување во врвот на партијата. На местото на пратеничката и претседателката на СДСМ во Делчево Мира Стојчевска, доаѓа младиот и перспективен кадар на Социјалдемократите Влатко Величковски. Тој е советник во Советот на Општина Делчево од редовите на СДСМ, а на локалните избори беше на високото 4 место на листата на Социјалдемократите. Величковски важи за угледна и почитувана личност, особено кај помладите жители на градот Делчево.