Кога во државава премиерот и новоизбраниот претседател на најголемата опозициска партија, ќе почнат да си честитаат по телефон и да пијат „спонтано“ кафе во владата околу 16 часот, сметката за телефон и за кафе секогаш ја плаќа народот.
Треба да очекуваме реформи во општеството од “вечните реформатори” како Камбовски, сестраниот Рамиз Мерко или Владо Поповски?
Искрено би било да не раскажувате приказни, а да соопштите за што точно преговаравте!?
Сега разбирам зошто медиумите контролирани од властта и опозицијата се синхронизираат и делуваат заедно, особено кога станува збор за ГДУ. Се вознемирувате некој да не ви ги поремети сметките. Нели? Истите тие сметки што 27 години ги правите, а накрајот ви ги плаќа народот, се вели во реакцијата на ГДУ за средбата меѓу новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.
Кога во државава премиерот и новоизбраниот претседател на најголемата опозициска партија, ќе почнат да си честитаат по…
Posted by Граѓанско Демократска Унија on Wednesday, December 27, 2017