Ливерпул во текот на вчерашниот ден уште еднаш го покажа лудилото кога станува збор за трансферите во фудбалскиот свет откако платија 75 милиони фунти за Вирџил ван Дијк, па љубителите на фудбалот побрзаа да го потсетат Јирген Клоп што тој зборуваше пред самог година дена.
Ливерпул изминатово лето се обиде да го купи Вирџил ван Дијк за 60 милиони фунти, но се повлекоа од зделката откако Саутемптон се полажи дека Јирген Клоп без нивна дозвола разговарал со играчот и „Светците“ се заканија дека ќе достават жалба до ФИФА.
И покрај сето ова, сепак двата клуба успеаа да најдат заеднички јазик и тоа само неколку месеци подоцна. Имено, тие договорија трансфер вреден 75 милиони фунти. Оваа сума го прави Вирџил ван Дијк далеку најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, и многумина се шокирани од сумата која Ливерпул ја плаќа.
По лудилото на Ливерпул, социјалните мрежи веднаш го потсетија Јирген Клоп што говореше кога во јули 2016 се шпекулираше дека Манчестер јунајтед ќе го купи Пол Погба за рекордна сума.
„Доколку купите еден играч за 100 милиони фунти и тој се повреди, тогаш сте ги изгореле парите” – ги прокоментира Германецот најавите на медиумите за враќање на Пол Погба на Олд Трафорд.
„Дентот кога ова е фудбал, јас повеќе нама да работам, бидејќи ова е тимски спорт. Сите вака го разбираат фудбалот. Секако дека ги сакате најдобрите, но за да бидете успешни треба да изградите тим. Другите клубови можат да прават што сакаат, да трошат пари и да ги ангажираат најдобрите”.
„Јас сакам да ги правам работите поинаку!”