10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

ФРОДЕМ: Паднаа во вода наводните заложби за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

По налог и желба на неколкумина од нив, кои одглумија лидери во сенка, другите чесни и искрени реформатори го одмолчаа одржувањето на нелегалниот Конгрес и нелегалниот избор на претседател. Несвесно и наивно им оставија простор на валканите партиски танчери, исклучиво кариерно настроени персони, да го реализираат претходно договореното, реагира ФРОДЕМ по повод поддршката на измените и дополнувањата на статутот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на иницијаторите за реформи.

„Тие неколумина довчерашни анонимуси не дочекаа да се раздени денот по Конгресот и веднаш побрзаа на тајна средба и договор за партиска позиција. Без консултација со поширокото членство и раководство дадоа лична согласност на обидите за промена на статутот по терк на нивниот ‘лут противник’. Нечесните и недоразвиени политички ембриони не се свесни дека задоцнетата постапка за промена на статутот на ДПМНЕ не може да ја легализира нелегалната постапка и избор на претседател на ДПМНЕ. Без легалитет и легитимитет нема реформи и партиска кариера, туку вечен срам“, велат од партијата ФРОДЕМ на Јове Кекеновски.

Со ова, велат од таму, се соголеа и паднаа во вода наводните заложби за реформи.

„Целта на неколкутемина валкани танчери беше да го замајуваат незадоволното партиско членство додека се случат козметички промени во партијата, по волја и терк на претходната партиска номенклатура, а под диригентска палка на новата партиската кукла. Сето тоа фрли темна сенка на поддршката која ФРОДЕМ им ја даде при првото нивно појавување во јавноста и на желбата за заедничко дејствување. Времето покажа дека зад сето ова стои сценарио скроено во подземните и мувлосани лавиринти во ‘белиот дворец’ кое конечно излезе на површина“, велат од партијата.

Од таму велат дека ФРОДЕМ најискрено ги почитува и поддржува другите чесни патриоти, заговарачи за вистинска реформа на партијата и ги повикува наместо постојано да се јавуваат и да повторуваат „нè наместијa“, „нè излажаа“, „нè продадоа“, „се договорија“, јавно да се охрабрат и да ја кажат вистината.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави