-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Лазе од Виница го освои Џек Потот и стана милионер на ДВЛМ

Лазе Димитровски од Виница го освои дваесет и седмиот Џек Пот во Државна Видеолотарија на Македонија вреден 1.404.426 денари. Освоено е во лотариските терминали на обложувалницата Моцарт на 16 јануари.

Понеделнички тој ја стартуваше својата среќна недела, тој е редовен играч на ваков вид игри. Како што вели среќата не била на негова страна но овојпат бил изненаден од добивката. Во моментот кога терминалот ја регистрирал МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката, Лазе помислил дека тој се расипал. Сакајќи да праша што се случило, бил окружен од сите присутни во обложувалницата Моцарт во Виница. Кога почнале да му честитаат, радувајќи се заедно со него, сфатил дека тој е всушност добитникот.

Засега нема план како ќе ги троши парите од оваа убава добивка. Која изнесува околу 22.800 евра

Добивките ЏЕК ПОТ, Државната Видеолотарија на РМ  ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 27 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 39.231.613 денари. Покрај нив, освоени се и 3486 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 26.147.120 денари.

поврзани објави

Последни објави