14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

АНАЛИЗА: 2017 – Година на економски порази!

Со длабока неизвесност од политичката криза и голема ранливост на економијата, завршува 2017 година. Стопанството не успеа да го издржи последиците што ги донесе политиката – вработувањата бавно се реализираа, инвестициските циклуси запреа, а статистиката бележеше лазачки стапки на раст, пишува економската анализа на Portalb.mk.

Во годината што измина новата Влада стави потпис на првиот Буџет, кој ќе се троши во 2018 година. Се слушнаа многу ветувања и најави кои чекаат оставрување. Каква година оставивме зад себе ?

Инвестициите атрофираа, фирмите се бореа за ликвидност…

Формирањето на новиот владин кабинет, тешките политички денови пред и по 27 април, отворени фронтови со соседите, протести на опозицијата, приведувања и апсења за насилствата од крвавиот четврток –  плејада на политички настани донесоа голема неизвесност но во исто време и разврска на политичката сцена. Фокусот кон внатрешно политиката стабилност ја засени економијата. Временскиот период да се испорачаат позначајни позитивни резултати беше прекраток – коментираат економистите што ги анкетираше „Порталб“.

Посочуваат дека сега приоритет треба да бидат зацртаните таргети во 2018 година. 

„Во текот на 2017 година не беше можно да се очекуваат директни економски подобрувања, временскиот рок за позитивни ефекти беше прекраток, но било каква утка во проекциите за 2018 година, нема да може да се оправда. Проектиранит раст од 3,2% не би требало  да биде воопшто проблем да се постигне, посебно кога тоа ќе се споредни со годината  која е во заминување во која скоро и да немаше конкретни економски активности“ – вели економистот Арбен Халили.

Преку бројки, зад нас оставаме година во која според псоледните достапни податоци, просечната нето плата изнесува 380 евра и таа во споредба со лани, на годишно ниво,  е зголемена за 2,6 отсто. Во годината што измина 1,6 % од вработените, работеле а не замале плата. Банките регистрираа забавување на кредитирањето кај фирмите, бизнисмените изјавуваа дека се воздржуваат од инвестирање. Овие состојби ги регистрираше и Народната банка од каде соопштија дека на истекот од 2017 година, кредитирањето е со забавено темпо.

„Кредитниот раст продолжи и во третиот квартал од 2017 година со 0,3%, но зголемувањето е побавно во споредба со претходниот квартал за 2,2%. Растот на кредитната активност произлегува од денарските кредити на домаќинствата, при намалена кредитна поддршка за корпоративните клиенти“ –  велат од НБМ.

Последиците се одразија врз економсиот раст. Првиот квартал заврши со стагнација, вториот со пад од 1,3% а третиот квартал испорача симболичен економски раст од 0,2%. Со овие показатели, според економистите, јасно е дека 2017 може да се смета за економски загубена.

Предвидувањата се дека 2017 година ќе ја завршиме со стапка на раст од 1,5 до 1,7%, што е далеку пониска од проектираната стапка на раст, но сепак е доволно добра за да не влеземе во зона на  стагнација или уште полошо, во рецесија.  Но сметам дека овие стапки на раст нема да бидат резултат на владините мерки, ниту пак резултат на отпорноста на домошната економија да и оддоле на политичката криза, туку  пред ќе бидат  резултат на успехот на субјектите од Слободните економски зони. Новосоздадената вредност на компаниите  од ТИРЗ, методолошки влегува, односно учевствува во формирањето на БДП, иако истите имаат поинаков правен статус во однос на другиот дел од домашната економија. Иако немаме прецизни податоци за тоа колку изнесува учеството на новосоздадената вредност на субјектите од ТИРЗ во БДП, веројатноста дека без  нив, ќе се соочевме со состојба на рецесија беше  голема.  Формално ние не сме во фаза на стагнација а можеби и  во рецесија“ – вели универзитетскиот пофесор Семи Бислими.

И покрај сите политичко-економски премрежја во 2017, новиот министер за финансии Драга Тевдовски не отстапува од оптимизмот, сметајќи дека негативните показатели за растот на економијата се привремени, со очекување дека БДП  ќе оствари раст  нешто повисок од два отсто.

Досега бројките, барем во делот на инвестициите не навестуваат позначајни промени во последниот економски квартал од 2017, што би влијаело да се смени и вкупната слика за годината што измина. Веќе е извесно дека 2017 година според салдото на СДИ, ќе биде на ниво од 2012 година, кога странски директни инвестиции изнесуваа 131 милион евра. Токму 2012 година е најслаба година во последните десет години. Негативни се и показателите за учество на странските директни инвестиции во Бруто домашниот производ. Во вториот квартал тој удел е со негативен предзнак -0,5%.

Со новите ревидирани прогнози на ММФ, Македонија во споредба со земјите од регионот ќе испорача најниска стапка на раст. Само економијата на Босна и Херцеговина ќе испорача иста стапка на раст како и македонската економија, додека ММФ за Албанија предвидува БДП од 3,7%, за Хрватска 2,9%, за Косово 3,5% и за Србија и Црна Гора по 3 отсто економски раст. Годинава Меѓународниот монетарен фонд во два наврати ја намали прогнозата за економски раст, најпрово од 3,5% на 3,2% и сега од 3,2% на 2,5%. 

Анализа на Порталб

Извор: А1 ОН

поврзани објави

Последни објави