7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Економијата заздравува по политичката криза, 2018 очекувам да биде надежна

Премиерот Зоран Заев на првата средба во новата година кај министерот за финансии, Драган Тевдовски, објави дека капиталните инвестиции во 2017  година биле реализирани за приближно 83,6 проценти. Според Заев и Тевдовски, оваа е најголема реазлизација на стапка на капитални инвестиции од 2013 година па наваму. Премиерот на пресот рече дека економијата заздравува по политичката криза и очекува 2018 да биде надежна.

Не е време за избори, време е за работа“, реча Заев охрабрувајќи ги инвеститорите да прават планови за тековната година. Во 2016 година реализацијата на капиталните инвестиции била под очекуваното, рече Заев, а министерот за финансии објави дека државата имала успешна наплата на сите даноци. Според премиерот, реализирани се 72 проценти од повратот на ДДВ за компаниите. Тој порача дека данокот мора да се плаќа, а парите да се враќаат кај граѓаните.

„Секој договор склучен како јавна набавка, им препорачав на министерствата и институциите транспарентно да го објавуваат на нивните веб-страници“, рече Заев.

Извор: МакФакс

поврзани објави

Последни објави