fbpx
17.8 C
Skopje

Хојт Ји: Постои политичка волја за решавање на спорот за името и во Скопје и во Атина

АКТУЕЛНО

Американскиот заменик-помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји смета дека постои политичка волја за решавање на спорот за името и во Скопје и во Атина.

– Мислам дека Македонија има шанса во 2018 година конечно да го реши спорот за името со Грција. Првпат по долго време има политичка волја и во Скопје и во Атина и Македонија има шанса да ја оствари оваа цел, вели Ји во интервју за ТВ Н1.

Тој рече дека НАТО има политика на отворени врати, никого не присилува да стане член, а оние кои ги исполнуваат условите за членство се добредојдени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -