Sun. Sep 24th, 2023

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали тој ја изгубил пасијата кога станува збор за својата работа, рече дека нема потреба да се однесува како кловн и како луд да скока покрај аут линијата за да докаже дека има пасија кон неговата работа.

Поради тоа што не се однесувам како кловн покрај аут-линијата сметата дека сум ја загубил пасијата?“

„Преферирам да се однесувам онака како што се однесувам сега, многу позрело и тоа е подобро и за мене и за мојот тим“.

„Мислам дека нема потреба да се однесувате како лудак покрај аут линијата за да имате пасија. Пасијата се гледа од тоа како сте посветени на работата, а не што правите пред камерите“.

Според оние кои добро ги следат случувањата во фудбалот, португалскиот стратег во својата изјава алудирал на неговиот колега Антонио Конте и Јирген Клоп кои се едни од оние тренери покажуваат највеќе емоција кога станува збор за нивното однесување за време на натпреварите на нивните екипи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.