23.8 C
Skopje
Saturday, April 19, 2025

Мицкоски: Јас сум против промена на Уставот на Република Македонија за промена на името на државата

ВМРО-ДПМНЕ е надвор од процесот. Ниту знаеме што се случува официјално, ниту неофицијално. Она што го добиваме како информација од процесот за името е само пресови, ние немаме реална суштинска информација од таа страна, вели новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво интервју како лидер на партијата.

Се согласувам со Вас дека годината почна интензивно кога станува збор за спорот со името. Не би можел да кажам некој детал во тој процес бидејќи немам таква информација. Во овој момент апсолутно процесот добива некоја поинаква динамика.

ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставот, ВМРО-ДПМНЕ е против промена на идентитетот и нацијата на Република Македонија. Секое она решение кое ќе значи промена на Уставот за промена на името на државата, јас како Христијан Мицкоски и како ВМРО-ДПМНЕ сум против едно такво решение, додаде тој.

Мицкоски рече дека не сака да ги коментира неформалните разговори меѓу Бутарис и Заев. Тоа е полукомична ситуација, таков тип на разговор воден меѓу двајца луѓе кои вечераат во очи новогидшната ноќ не би ја коментирал.

Доколку власта успее да го задржи идентитетот на народот, а успее да изнуди достоинствен предлог, Мицкоски рече дека треба прво да се почека предлогот, тој да биде ставен на маса, па тогаш да се најде заедничко прифатливо решение.

Треба да почекаме да видиме што ќе биде ставено на маса. Немаме простор за да коментираме било што по однос на тоа прашање.

Час поскоро сакаме да се реши спорот за името и да тргне напред нашата држава.

Спорот кој го има нашиот сосед со нашето име, не опфаќа промена само на име, туку идентитетски зборови, придавки и.т.н – тоа е сеопфатен договор меѓу нашиот јужен сосед и Република Македонија. Дали мојата политичка кариера ќе биде кратка или долга, дали одлуките кои ќе ги носиме ќе значат кратка или долга политичка кариера во ВМРО-ДПМНЕ како лидер не знам, истакна тој.

поврзани објави

Последни објави