Еден од најголемите навивачи на Манчестер Јунајтед, татко на 5 деца кој имал 16 внуци и 9 правнуци имал само една желба пред крајот.
Рајан Гигс и Норман Вајтсајд му ја исполниле најголемата желба на еден возрасен навивач на Манчестер Јунајтед на кого му кажале дека му остануваат уште неколку недели живот.
Навивачот Роберт Клејтон конечно се запознал лично со неговите најомилени фудбалери од Манчестер Јунајтед. На фотографијата Роберт Клејтон е со Норман Вајтсајд (играл за Јунајтед 8 сезони од 82 до 89 година и освоил два англиски ФА Купа).
Во ноември семејството на „вечно црвениот“ Роберт Клејтон (во тој момент полнел 63 години) се обратиле со емотивно барање на социјалните мрежи. Тие побарале поранешните, сегашните и воопшто кој биле играчи на Манчестер Јунајтед да го посетат Роберт на кого тоа му било последна желба.
Во мај на Роберт му дијагностицирале рак на коските и црниот дроб. Роберт го поминал курсот на хемотерапија, но му останало уште малку живот и продолжувањето на лекувањето немало полза.
Клејтон мирно го искчекувал крајот заедно со своето големо семејство во Мидлтон, а сите биле собрани за Нова година. Блиските раскажале дека последната желба му била исполнета благодарение на Рајан Гигс и Норман Вајтсајд, кои го посетиле пред смррта.
Семејството на Роберт (5 деца, 16 внуци и 9 правнуци) посетата ја чувала тајно за да го изненадат. Фил Невил и Џони Еванс му се обратиле преку видео, а Девид Меј, Лу Макари, Педи Креранд и Семи Макилрој планирале да го посетат но визитата изостанала зошто состојбата на Роберт станала потешка.
Клубот му пратил дресо со потписи од сите актуелни играчи. Ќерка му Дениз вели:
„Kлубот не остана на страна и му помогна на татко ми да го помине најдобриот ден во животот. Тој беше среќен и воодушевен. Беше потресно. Норман Вајтсајд дојде со својата жена и со Рајан Гигс. Тие поминаа околу 45 минути со нас и зборуваа за фудбал, за животот во целост и му го направија денот.“
„Татко ми ги изгледа сите деца и внуци. Важеше за многу духовит човек а чувството на достојност и хумор го држеше до самиот крај. Во август му даваа не повеќе од пар месеци. Пред осум недели му кажаа дека му остануваат само две недели. Мислам дека издржи со цел да го прослави последниот Божиќ со своето семејство. Тато беше џентлмен, внимателен и многу забавен.
Извор: Off.net.mk