ГО ЗАСИЛУВА ДЕФАНЗИВНИОТ ДЕЛ ОД ТИМОТ
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола побара од раководството на клубот 50 милиони фунти како би го засилил својот тим во месец јануари.
Шпанскиот стручњак сака да донесе засилување во својот дефанзивен дел од тимот, а неговиот прв избор е фудбалерот на Реал Сосиедад Иниго Мартинез.
Гвардиола, како што тврди Скај Спортс, сериозно е заинтересиран за донесување на 26. годишниот стопер од тимот на Сан Себастијан и верува дека тој би бил идеален играч во концепцијата на играта на Манчестер Сити.
Ако не успее да договори овој трансфер, Пеп ќе го посвети своето внимание во Англија. Друга опција и желба е Џони Еванс од Вест Бромич Албион, кој во изминатиот период се наметна како еден од надобрите дефанзивци на ПСЖ.
Мартинез комплетната своја кариера ја помина во Реал Сосједад. Неговата финансиска вредност е 25 милиони евра, а сигурно е дека понудата на граѓаните ќе биде поголема од таа.