Грчките средношколци нема да може да одат на екскурзии во странство со цел да се избегде ситуацијата децата од посиромашните семејства да бидат засрамени пред соучениците затоа што немаат пари за поскапи патувања, потврди грчкото министерство за образование.
Исклучок од ова правило е само традиционалната петдневна екскурзија на матурантите, која се уште може да се организира во странство.