7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ЕК ги поздрави активностите на македонската Влада за ставање крај на 25. годишниот спор за името

„Градењето добрососедски односи, вклучувајќи и взаемно прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на ОН, е од клучно значење“.

Европската комисија ги поздравува активностите на македонската Влада за ставање крај на 25-годишниот спор за името со Грција и се надева дека ќе види „конкретни“ резултати, изјави претставик на Комисијата за „Еурактив“.

Градењето добри односи меѓу соседните земји, вклучувајќи и взаемно прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на ОН, е од клучно значење, нагласил претставникот на ЕК.

-Во тој конктекст ги поздравуваме чекорите преземени од владата во Скопје активно да се ангажира со нивните партнери од Грција за зацврстување на добросеседските односи, кои очекуваме да се преточат во конкретни резултати, посочува претставникот на ЕК.

„Еуроактив“ посочува и на зголемениот оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, дека долгогодишниот спор за името конечно ќе биде решен, што на Македонија ќе и ги отвори вратите за интеграција во НАТО и ЕУ.

поврзани објави

Последни објави