Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски изјави дека во моментов не се разговара за потенцијално име помеѓу Скопје и Атина, туку дека се гради доверба меѓу двете влади, нов момент на пријателство.
Тој потенцираше дека целта е прашањето да биде решено во интерес на сите.
– Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, со посредство на Метју Нимиц. Процесот е јавен и транспарентен. Се додека нема ништо конкретно и специфично нема да лицитираме со потенцијални имиња, истакна Бошњаковски.