3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Архимандрит Партениј, игумен на Светата Бигорска и Рајчичка обител

Во пресрет на Бадник и големиот празник на Раѓањето Христово – Божик колку верниците ги почитуваат обичаите и традицијата?

Последниве години во Македонија е забележана една надежна појава – имено, на големите празници храмовите се преполни со луѓе, што, навистина, опитно ја практикуваат верата, и тоа покажува дека таа е суштински присутна во нивниот живот. Тоа секако се должи на повеќе фактори, меѓу другото и на обновата и нараснувањето на општежителното монаштво, кое несомнено многу придонесе за враќање на светотаинскиот и светопредански живот во Црквата. Тука помага и обемната православна духовна литература, потоа и современите методи за проповед на верата преку интернетот и медиумите, а драгоцен за правилното практикување на верата е и живиот пример во манастирите, кои се отворени за секого што сака попосветено да се информира за основите и суштината на својата вера, за древните обичаи коишто произлегуваат од Светото Писмо и светото предание, како и од добар дел на духовни свештеници. И гледам дека сето тоа позитивно се одразува кај луѓето: се зголемува интересот за духовниот живот, црковните сајтови се се повеќе посетувани, ннародот се воцрковува и во голема мера се враќа на суштинските православни обичаи, кои, се разбира, го одразуваат правилното почитување на Бога. Тоа е тенденција што радува.

Интерјвју на МИА со Архимандрит Партениј, игумен на Светата Бигорска и Рајчичка обител

Целото интервју може да го прочитате ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави